(ВИДЕО) Страшен судар на Ботас и Расел на Имола, а пота следеше кавга и среден прст

Трката за Големата награда на Италија, која се вози во Имола, во моментов е прекината по инцидентот во 34-от круг.

Веќе знаевме дека во Имола нè очекуваат многу возбудувања на денешната трка поради дождот што започна да паѓа неколку часа пред почетокот.

На самиот старт видовме одличен старт на Верстапен кој успеа лесно да ги престигне Перез и Хамилтон и да избие на првото место што сè уште го држи.

Но, видовме тотален хаос во 34-от круг на оваа трка. Прво, голема грешка направи Хамилтон, кој излета од патеката и успеа да се врати со многу проблеми, но го оштети предниот дел од болидот.

Кога камерите беа насочени кон Хамилтон и неговото враќање на патеката, се случи нов инцидент, кој ги принуди челниците на Формула 1 да го обележат црвеното знаме и да ја прекинат трката.

Имено, Валтери Ботас и Џорџ Расел имаа тежок судир, а делови од нивните болиди беа расфрлани на патеката.

Првите слики беа застрашувачки, но за среќа Ботас и Расел поминаа без повреди. Двајцата велат дека не се виновни за оваа страшна несреќа, но јасно е дека едниот направил грешка.

Расел му пришол на Ботас веднаш откако излегол од автомобилот за да му каже дека тоа е негова вина, а возачот на Мерцедес го покажал средниот прст кон него заради тоа.

Трката беше прекината за да се исчисти патеката, но наскоро се очекува продолжение и сигурно не чека многу возбудувања.