(ВИДЕО) Старт каков што не се памети: Црвениот картон е мала казна за ова

Францускиот рагбист Кастре Рино Питерсе имаше неверојатен старт со очигледна намера да го повреди противникот.

На дуелот против Бордо-Бегл, овој скоро два метри висок играч брутално стартуваше врз противничкиот играч Максим Лука.

Тој влета во телото на противникот во стилот на популарните кечери и поради тоа предизвика целосен хаос на теренот.

Играчите на Бордо сакаа одмазда веднаш, но за среќа поголем инцидент беше спречен.