(ВИДЕО) Стариџ скршен од тага

Даниел Стариџ од пред една недела е слободен агент откако му заврши договорот со Ливерпул. Тој својот годишен одмор го поминува во Лос Анџелес каде се соочи со неочекувани проблеми.

View this post on Instagram

This is him

A post shared by Daniel Sturridge – Dstudge (@danielsturridge) on

Имено провалници му го украле кучето. Тројца крадци провалиле во домот на Стариџ, а фудбалерот за тоа објави на Инстаграм:

„Слушнете, некој провалил кај мене дома во Лос Анџелес и го украл моето куче. Ако некој знае кој обил кај мене, ќе платам колку треба, сериозен сум. Сакам да знам кои ми ги земал работите, сакам да знам кој ми го украл кучето. Сакам да знам што кој ѓавол се случува.

„Како воопшто може да се влезе во дом во Лос Анџелес и да се украде нечие куче, луди ли сте? Кој може нека го најде моето куче, ќе платам колку и да треба сериозно“., вели Стариџ.