(ВИДЕО) Спектакуларни сцени во Амстердам: Ајакс ја слави двојната круна

Ајакс ја воодушеви фудбалска Европа со својата храбра и убава игра која за малку ќе му донесеше финале во Лигата на шампионите.

Сепак, Лукас Моура во последните секунди од реванш полуфиналето ги сруши соништата на „Копјаниците“ за финале во елитното натпреварување, но затоа Ајакс оствари голем успех во домашниот фудбал.

Долго Ајакс ја чекаше титулата во Холандија, предолго за еден таков великан. Сепак, вчера „Копјаниците“ ја потврдија титулата, прва по цели пет години чекање.

Пртходно Ајакс го освои и Купот на Холандија, кој е прв за нив по девет години.

Ајакс така вчера ја комплетираше двојната круна што беше сигнал дека прославата во Амстердам може да започне.

Денеска од главниот град на Холандија пристигнуваат спектакуларни кадри од илјадници навивачи на Ајакс како го прославуваат успехот на својот клуб.

Треба да се истакне и дека на бината беа и таткото и братот на младиот Абелак Нури, некогашниот играч на Ајакс кој колабираше во 2017. година. Докторите го спасија неговиот живот, но срцевиот удар остави тешки последици на неговото здравје.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Реванш за минатата сезона: Драгон преку Тиверија до Куп титула

Иако е крај на сезоната – еден фудбалер на Јунајтед остана да тренира и понатаму: На одмор ќе оди со личен тренер

(ФОТО) Фотката од финалето на Купот на Србија го обиколи цел свет

Арсенал наскоро ќе го претстави првото засилување, а навивачите се огорчени

„Ѓаволите“ разоткриени: Ова е првиот неуспех на Јунајтед во летниот преоден рок

Како ќе изгледа составот на Аргентина на Копа Америка по фијаското на Мундијалот?

Во Сити се изнервираа: Престанете со лагите!

Како изгледа патувањето до Баку за Англичаните: Осум дена, четири лета, 24 часа со воз…

Ништо не се знае во ПСЖ – ни дали ќе останат Мбапе и Нејмар!