ВИДЕО – Спектакуларен ролинг и гол од пенал: Јапонскиот ракометар ги воодушеви фановите!

Јапонскиот ракометар Косуке Јасухира со својот спектакуларен потег од пенал изведувањето, стана хит по социјалните мрежи и ги воодушеви ракометните фанови.

Ракометарот кој настапува за францускиот клуб Нимс, изведе маестрален трик и му продаде финта на противничкиот голман од каде произлезе фантастичен погодок.

Косуке го финтираше шутот, а голманот остана изненаден односно не успеа да го скроти ударот на Јапонецот. Данкерк едноставно беше збунет од ваквиот удар, на кој му претходеше ролинг во место за 360 степени.

Нимс го совлада Данкерк со резултат 34:23.