Кристијано Роналдо минува низ многу тежок период во животот, веројатно играјќи го последното Светско првенство кое го започна со солзи.
Во 17:00 часот започна вториот натпревар од првото коло во групата Х на Светското првенство, а се среќаваат Португалија и Гана.
Откако не се најде во составот на генералката против Нигерија, Кристијано Роналдо се најде во стартниот состав за натпреварот против Гана и така го започна настапот на Светското првенство.
Пред самиот натпревар, Кристијано Роналдо не издржа и заплака пред сите и секако расплака и милиони Португалци.
Очигледно на Роналдо му се собра се и сите емоции му излего во солзи при интонирањето на португалската химна.