(ВИДЕО) Словенецот со чудо од одбрана – Интер, но и Пандев го слават Хандановиќ

Интер е во Лигата на шампионите, а Џенова на Горан Пандев останува во Серија А. Ова е епилогот по последното коло, а главниот виновник за ваквиот расплет е голманот на „нераѕурите“.

Самир Хандановиќ е човекот на одлука откако во 92. минута феноменално одбрани удар на Салих Укан од Емоли кој излезе еден на еден со Словенецот.

Одбраната во 92 минута на Интер му донсе пласман во ЛШ, додека од друга страна Емоли го испрати во Серија Б.