(ВИДЕО) Слатка одмазда од Манчестер Јунајтед за екс тренерот – Мурињо и Тотенхем поразени

Вечерва, во дерби дуелот од 15. коло во Премиер лигата, тимот на Манчестер Јунајтед конечно ги израдува малку своите навивачи.

„Црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ му приредија слатка одмазда на својот поранешен тренер Жозе Мурињо кој сега е предводник на Тотенхем.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер беа подобри од составот од Лондон со 2-1. Хероја на домаќините беше двојниот стрелец Маркус Рашфорд.

Младиот напаѓач рано, уште во 6. минута го отвори резултатот на мечот за предност од 1-0. Пред крајот на првиот дел, Тотенхем преку Али во 39. минута израмни на 1-1, по што се замина на паузата.

Како и во првиот дел, така и на стартот на второто полуврем Рашфорд постигна брз гол и во 49. минута погоди за 2-1 што се покача како и конечен резултат.

Во останатите мечеви од вечерта, Челзи славеше над Астон Вила со 2-1, Лестер преку Варди ја продолжи одличната низа откако падна Вотфорд (2-0), Волвс беше подобар од Вест Хем со 2-0, а победа славеш и Саутемптон над Норвич со 2-1.