(ВИДЕО) Скандинавците уште не можат да се помират: Голот на Муса е нерегуларен!

Победничкиот гол на Жељко Муса во првиот полуфинален натпревар од Европското првенство, меѓу Хрватска и Норвешка не е регуларен.

Тоа го утврдил членот на стручниот штаб на норвешката репрезентација Кент Хари Андерсон, а неговите зборови ги поддржуваат шведските медиуми. Жалба нема што малку фрла сомнеж на целата ситуација.

„Муса влезе барем еден метар во шестерецот пред да ја добие топката, за тоа нема никаков сомнеж. Не разбирам како судиите можеа тоа да го дозволат бидејќи беа блиску и добро ја видоа целата ситуација“, изјавил Андерсон.

На снимката се гледа дека Муса навистина е влезен во шесте метри, но само затоа што е истуркан од Сандер Сагосен. Во тие моменти судиите гледаат кон средината на теренот, односно Игор Карачиќ кој ја води топката и му асистира на Муа.