(ВИДЕО) Скандал над скандалите: Украинец не освои ниеден поен на тениски меч!

Невидено нешто се случи на тениски турнир во Доха, за момчиња на возраст меѓу 15 и 17 години.

Во центарот на вниманието е украинскиот тенисер Артем Бахмет кој загуби од Критин Коајкул од Тајланд со 0-6 и 0-6. Вакви резултати имало порано, но никогаш не се случило еден од тенисерите да не успее да освои поен, па соодносот во оваа категорија е 48-0 за Коајкул. Бахмет веднаш е прогласен за најлош тенисер во историјата на овој спорт.

Се шпекулира дека станува збор за корупција, односно дека родителите му го купиле местото на турнирот на својот неталентиран син за да го исполнат неговиот хир. Друга варијанта е тоа дека агент на Бахмет е познат коцкар кој во договор со својот клиент направил така да заврши натпреварот.