ВИДЕО: Скандал или нешто друго – пресот на Ѓоковиќ прекинат, тој остана шокиран

Новак Ѓоковиќ се подготвува за својот прв настап на Ролан Гарос, но остана изненаден откако беше прекинато неговото обраќање кон новинарите.

Српскиот тенисер беше прашан за проблемите со пандемијата наречена коронавирус, и како се носи со стресот околу него, затоа што доколку е позитивен, може да биде дисквалификуван од турнир.

Мислам дека стресот е стрес само доколку вие го сметате за таков, јас решив да се ослободам од него. Се надевам дека ќе се доведам во ситуација да играм добро во Париз, да бидам негативен на тестот, но ако се случи да не бидан негативен, тоа е што е. Навистина е тажно што некои тенисери на ваков начин се дисквалификувани од турнирите, поради тестовите. Воопшто не им е лесно и на организаторите да се изборат со таквата ситуација, со толку тестирања, но сметам дека би било фер позитивните тенисер да имаат сепак некоја шанса, и да бидат во изолација на 24 часа пред да направат втор тест, затоа што многу докази постоеа дека има и лажни позитивни тестови, не само во тенисот, туку воопшто“, рече Ѓоковиќ.

Кога тргна следниот новинар да поставува прашања, водителот на пресконференцијата го заврши обраќањето на јавноста, и во тој момент на никого не му беше јасно поради што се случи крајот на пресконференцијата.