Јошко Гвардиол полека но сигурно се вклопува во системот на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола.
Гвардиол одигра уште еден одличен натпревар, против Нотингем Форест минатиот викенд, каде Сити победи рутински со 2:0. Нотингем Форест беше надигран, а голема улога во одбрана одигра токму хрватскиот фудбалер.
Хрватот играше на високо ниво сите 90 минути, а еден негов потег од тој меч привлече доста внимание, а тоа Сити го искористи и да се пофали.
Имено, Јошко Гвардиола во дуелот против Ентони Еланга, буквално го однесе во рекламните паноа надвор од теренот, а навивачите на Сити токму поради вакви воинствени потези веднаш го засакаа.
Дури и Манчестер Сити на Твитер објави видео на кое се гордеат за тоа како дефанзивец доведоа во своите редови.
💪 🇭🇷 pic.twitter.com/U2m8sUsMAx
— Manchester City (@ManCity) September 25, 2023