ВИДЕО: Сити го нокаутира Арсенал од ФА Купот – луцидниот удар на Аке беше доволен

Манчестер Сити успеа да го нокаутира Арсенал во 4. рунда од ФА Купот.

Натпреварот беше тврд со по некоја шанса на двете страни, а единствениот гол за победа дојде дури во доцниот дел од натпреварот.

Натан Аке беше едиствен стрелец за победниците во 64. минута, гол со кој на Сити го испраќа во следната фаза, или осминафиналето во ФА Купот.

Овие две екипи допрва треба да ги вкрстат копјата, дури два пати треба да се сретнат во рамки на Премиерлигата, мечеви кои Сити мора да ги добие, бидејки е во сериозно бодовно заостанување.