Новак Ѓоковиќ беше присутен на синоќешниот натпревар од Евролигата меѓу Црвена Звезда и Валенсија и уживаше во одличната претстава, а на полувремето и по завршувањето трпеливо се фотографираше и им делеше автограми на своите фанови.
Интересно беше тоа што до него дојде една група од четири момчиња, а откако се фотографираа, тој ги почести со 100 евра. Се обиде тоа да не се забележи, но имаше премногу луѓе, па такво нешто беше невозможно. Нејасно беше која е причината за ваквиот потег на Ѓоковиќ, но српските новинари ја открија приказната.
View this post on Instagram
„Друштвото во шумичката, покрај Пионир ја нашло платежната картичка на Новак. Обезбедувањето во салата им дозволило да влезат и да му ја вратат, а Новак се израдува, срдечно ги поздрави, се фотографираше со нив и во знак на благодарност извади 100 евра“, раскажа еден новинар.
Прекрасен гест на Ѓоковиќ, така се мотивираат млади луѓе да останат чесни во текот на целиот живот.