(ВИДЕО)Синот на Цеца и Аркан е вистински „ѕвер“ – противникот нокаутиран, па докторите го спасуваа

Вељко Ражнатовиќ, синот на познатата српска двојка, пеачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан уште еднаш покажа дека е вистински „ѕвер“.

Младиот боксер на почетокот на годинава реши сериозно да влезе во овој спорт, а веќе иако релативно неисуксен, бележи одлични резултати.

Доказ за тоа е синоќешната борба во која Вељко со технички нокаут во втората рунда буквално го патосираше Данило Стачоне од Италија.

Стачоне остана да лежи на подот во бесознание, па мораше да интервенира Брзата помош која го „врати во живот“, но веднаш Италијанецот беше транспортиран во болница на детални лекарски прегледи.

Инаку во претходните два меча, Ражнатовиќ на своето деби на 10. март годинава пред 5000 гледачи исто со нокаут во втората рунда славеше на Краштја Јорданов од Бугарија, а пред месец дена на поени во четвртата рунда го победи Хрвоја Божиновиќ од Хрватска.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кого прават будали? Оваа атлетичарка има 16 години!?!?

ФОТО: Вон нема мира – папараците го уловија нејзиното секси газе

ФОТО: Преноќија под отворено небо и на тротоар во пресрет на квалификациски меч за СП

Еден медал повеќе во однос на претходните МИ за Македонија

Македонија со 14 учесници на ЕП во планиско трчање на Водно

Атлетичарот Ивановски успешно ја заврши Тарагона, следна цел ЕП во Берлин

Македонските баскетџии останаа без медал во Тарагона

Македонските спортисти на осмиот ден на Медитеранските игри во Тарагона

Нов медал за Македонија во Тарагона