(ВИДЕО) Симоновски со нов погодок – повторно стрелаше во Романија

За разлика од Македонија, фудбалот во голем дел од Европа со забрзано темо се игра, а таков е и случајот во Романија.

Денес во мечот помеѓу Волунтари и Чиндија Тарговисте, македонскиот интернационалец Марко Симоновски беше стрелец во победата од 2-0

Волунтари оствари сигурна победа на домашен терен, а нашиот интернационалец Симоновски го постигна вториот гол на средбата.

Македонецот стрелаше прецизно во во 69. минута, а задачата не му беше тешка откако се најде сам пред противничкиот гол. За Симоновски ова беше четврти гол сезонава.