(ВИДЕО) Што порача Пандев на македонски јазик кон судијата Роки !?

Капитенот на македонката фудбалска репрезентација, Горан Пандев повторно игра одлично во дресот на Џенова.

Денес постигна гол во ремито на гостувањето кај Лече (2-2), но мечот го заврши предвреме откако заработи црвен картон кој претходеше по два брзи жолти картон.

При излегување од теренот, нашиот Пандев кон главниот судија  Роки упати невкусни зборови, а од читање на усните сами може да проследите за што станува збор.

Со ова реми, Џенова остана во опасната зона за испаѓање со само две победи, а излез од кризата ќе бара во градското дерби против Сампдорија следниот викенд.