(ВИДЕО) Штета: Шкупи во финишот испушти резултат за полн стадион во Скопје

Последниот македонски претставник кој излезе на европска сцена неделава се враќа со пораз од 0-2 од гостувањето кај големиот фаворит Ренџерс.

Штета, бидејќи до судиското продолжение, Шкупи имаше минимална негатива и услови за полн стадион во Скопје идната недела. Дури, чаирчани не беа ни толку инфериорни бидејќи ја имаа топката во свој посед 44% од времето иако не упатија ниеден директен удар во рамките на противничкиот гол.

Марфи во 23. минута го отвори резултатот иако е впечаток дека Зендели можеше и подобро да интервенира. Вториот погодок падна во втората минута од судиското продолжение кога Таверние од пенал ја затресе мрежата на Шкупи.

Реваншот се игра во вторник во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Јоаким Лев повторно во елемент со своите потези, овојпат „настрада“ Сане

Икарди се пожалил: Одземањето на капитенската лента е бескорисно понижување

Мајката на Сала е неутешна: Бараме правда, како можеше такво нешто да се случи?

Погба и Реал Мадрид, опцијата е повторно отворена, Бејл би можел да биде клучниот човек

Зидан ја одреди трансфер метата, но веќе на стартот наиде на проблем

Барса им наплаќа 102 фунти на навивачите на Јунајтед за влезница, „Ѓаволите“ жестоко возвратија

Сонува да заигра за Реал, а тврди дека Барса е најдобра во светот

Зарем некој се сомневаше: Меси ја откачи Аргентина за Барса!

Помирување во Интер – Икарди се враќа во екипата