(ВИДЕО) Шпанците со признание за Македонецот: Димитријевиќ во идеалната петорка

Македонскиот репрезентативец избран во друштво на суперталентираните Алоцен, Гаруба, Кулбока и Крејчи

Уште едно големо признание за најдобриот македонски кошаркар за 2019 година.

Ненад Димитријевиќ е дел од идеалната петорка на млади кошаркари во шпанската „Ендеса“ лига.

Нашиот репрезентативен бек беше трет во гласањето кое го спроведе ACB во изминатиот период, а траеше заклучно со 24. јуни.

А оние 40.гласа го „внесоа“ во идеалните пет млади кошаркари во најсилната лига на Стариот континент.

Во изборот, освен Димитријевиќ, има место и за Карлос Алоцен (Сарагоса), Усман Гаруба (Реал Мадрид), Арнолдас Кулбока (Билбао Баскет) и Вит Крејчи (Сарагоса).

Која е иднината на „Ендеса“ лигата…