ВИДЕО: Шпанците го испочитуваа Нено Димитријевиќ – најдоброто од Македонецот!

Додека доигрувањето на сезоната во кошарката е се уште под голем знак прашалник, шпанската АЦБ лига, му оддаде признание на македонскиот кошаркар Нено Димитријевиќ.

Ненад Димитријевиќ имаше солидна сезона во Хувентуд, а сега тамошното првенство ги потсети фановите на нашиот интернационалец низ натпреварите.