На новиот тренер на Баерн, Пабло Ласо воопшто не му се допадна играта на неговите кошаркари на вчерашниот меч против Баерн, па на еден тајм аут буквално урлаше по своите кошаркари. Причина за неговото незадоволство беше играта на Милош Теодосиќ.
Pablo Laso unleashes a STORM during Bayern’s timeout 😡pic.twitter.com/gvbVCxwIqc
— BasketNews (@BasketNews_com) September 17, 2023
„Сакате да ми кажете нешто? Трчајте назад, што гледате овде. Оттука натаму сме уништени, Теодосиќ ви се смее в лице бидејќи двајца сте тука“, викаше трофејниот шпански стручњак.
Се чини дека тоа ги крена играчите на Баерн кои во финишот направија пресврт и од -11 дојдоа до победа од 84-82.