ВИДЕО: Селекторот на Палестина прво пушти солзи, навреди еден од новинарите и ја напушти прес салата

Селекцијата на Палестина вчера изненадувачки беше поразена од Сингапур со резултат 2:1.

Тоа беше втор меч на Палестинците во рамките на квалификациите за СП откако во првиот меч го совладаа на домашен терен Узбекистан со 2:0.

Палестина иако голем фаворит, сепак беше поразена од Сингапур, а сето тоа резултираше со драма момент на пресконференцијата.

Еден од новинарите му постави прашање на палестинскиот селектор, околу тоа зошто не ја ротираше екипитата која претходно го победи Узбекистан, Нуредин Оул тотално откачи, го нарече новинарот „курва“ и ја напушти прес салата.