ВИДЕО: Се тресе Караискаки – Олимпијакос го отвори Баерн Минхен

По 23 минути игра во Пиреа, Атина, Олимпијакос води против фаворитот Баерн Минхен со 1;0.

Голот за водство против бундеслигашката екипа го отвори Ел Араби.

Мануел Нојер се обиде да ја извади топката од голот, но таа со целиот обем навлезе во нивниот гол па беше признат голот на домаќините.

Изненадувачка негатива на домашен терен има и Сити од Аталанта 0:1.

Јувентус исто има негатива во Торино од Локомотив М. (0:1).