(ВИДЕО) Се лизна камерата: Министерот на Романија даваше изјава за фудбалот – по гаќи!

Ситуацијата со корона вирусот оневозможува контактни емисии во студио, па министерот за спорт на Романија, Јонут Маријан Строе мораше да се јави од својот дом во живо за да објави кога ќе продолжи сезоната во домашното фудбалско првенство.

Но, додека се местеше, му се лизна камерата и откри дека министерот е облечен само на горниот дел од телото. Доле останал по гаќи.

Водителот во студиото беше шокиран, но Строе продолжи да зборува како да не се случило ништо необично.