(ВИДЕО) Руни и на 35 години покажа дека формата е минлива, а класата вечна

Фудбалерите на Дерби Каунти победија денес против Престон со 1: 0 во натпреварот од 40-то коло во Чемпионшип.

Единствениот гол на натпреварот го постигна првата ѕвезда на Дерби, Вејн Руни, и тоа на кој начин.

Легендата на Манчестер Јунајтед изведе слободен удар од околу 20 метри и ја смести топката во спротивниот агол на голот каде што стоеше Деклан Руд.

Иако има 35 години, Руни уште еднаш докажа дека формата е минлива и класата е вечна.

Патем, неговото Дерби е на 7-то место по оваа победа со 60 бода во Чемпионшип