(ВИДЕО) „Росонерите“ газат, ја преслушаа и Венеција

Фудбалерите на Милан продолжуваат со одличните игри на стартот од Серија А и во петтото коло ја остварија четвртата победа.

Последна жртва на „росонерите“ е Венеција која е совладана со 2:0 по што екипата се измрани на врвот на табелата со градскиот ривал, и двете екипи имаат по 13 бодови. Играч на мечот беше Тео Ернандес кој прво во 68 минута му асистираше на Брахим Дијаз при првиот гол, за во 82. минута да го постави конечниот резултат.

Со идентичен резултат славеше и Емполи, но на гостински терен и тоа против Калјари. Прво Ди Франческо во 29 минута го отвори резултатот, а потоа Стулац во вториот дел го постави конечниот резултат.