ВИДЕО: Рондо и Леброн и нивниот момент кој им се допадна на коментаторите во НБА

Лос Анџелес синоќа во ТД Гарден на гостувањето кај најтрофејната екипа во НБА историјата, тимот на Бостон, запишаа драматична победа со тројката на Рондо во последната секунда (128:129).

Леброн Џејмс забележа нов трипл дабл, а беше и најефикасен поединец на оваа средба, додека Рајон Рондо имаше дабл дабл учинок против Бостон, а шутот за победа беше шлаг на тората.

Најинтересен детал за медиумите во Америка освен победничката тројка, им припадна на Рондо и Леброн.

Во прашање е моментот при еден тајм аут, кој овие двајца го водеа, наместо главниот тренер Лук Волтон.