ВИДЕО: Роналдо се претвори во кловн и влета во соблекувалните на Јувентус

Ширум светот денеска се одбележува популарно нарекуваниот Halloween или ноќ на вештирките, па во духот на тој празник, интересно беше денеска во Торино.

Овој празник на својствен начин го одбележа и Кристијано Роналдо.

Ден по победата над Џенова (2;1), Кристијано Роналдо се претвори во кловн и така влета во клупските простории на Јувентус со цел да ги изненади.

На пат кон соблекувалната, се сретна со Пјаниќ, а нему не му требаше долго да препознае кој стои зад маската.

 

View this post on Instagram

 

Happy Halloween everyone 🎃👻

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on