(ВИДЕО) Роналдо пречекан како бог во Иран… ама буквално

Денеска почна азиската Лига на шампиони, а утре, своето деби во неа ќе го има Кристијано Роналдо со својот тим Ал Наср.

Оваа екипа гостува кај Персеполис во Техеран каде денеска пристигна Роналдо и беше буквално пречекан како бог. Држави како Иран ретко имаат можност во живо да видат вакви суперѕвезди, па не е изненадување лудилото кое го предизвика Португалецот. Сето тоа почна уште на аеродромот, траеше при патувањето кон хотелот, а и пред него, кога Роналдо стигна со екипата на Ал Наср.

За атмосферата која владее во иранската престолнина, најдобро зборува еден исклучително интересен податок. Жители на Техеран во текот на денот, на продажба ставија предмети кои Роналдо ги допрел при пристигнувањето.

Така, сега можат да се купат лубеници, марамчиња, конец од тепих и слични работи за кои луѓе не жалат пари да ги имаат во свој посед.