(ВИДЕО) Роналдо објави снимка како тренира со Георгина за која зборуваат сите

Поради што мора да бидат во домашна изолација, голем број на спортисти пронаоѓаат алтернативни начини да останат во тренажен процес.

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, членот на Јувентус, Кристијано Роналдо објави снимка како тренира со својата девојка Георгина.

Португалецот на социјалните мрежи сподели снимка на која се гледа како тренира, а друштво му прави неговата прекрасна Георгина Родригез.

Под видеото, Роналдо остави и порака која гласи: „Мојата преубава тренинг партнерка“, Ни Георгина не остана должна и таа на својто профил ја сподели снимка.