(ВИДЕО) Римската фурија не знае за доста, го разнесе и Јувентус

Екипата на Лацио ја оствари седмата победа во низа во домашното првенство, совладувајќи го актуелниот шампион Јувентус со 3-1.

Тоа е прв пораз за „бјанконерите“ оваа сезона, а доаѓа во меч во кој Кристијано Роналдо го отвори резултатот со својот прв гол на гостински терен. Пред крајот на полувреме Луис Фелипе израмни, а клучниот момент се случи во 69. минута.

Квадрадо во тие моменти доби директен црвен картон, претходно се повреди Бентанур, а Сари мораше од игра да го извади Бернардески за да ја засили биочната позиција. Во 74. минута Милинковиќ Савиќ го донесе Лацио во водство, пет минути подоцна Имобиле не искористи пенал, а во петтата минута од судиското продолжение Каиседо го постави конечниот резултат.

За среќа на Јувентус, Интер вчера ремизираше со Рома, па разликата меѓу овие две екипи е само два бода. Но, сега, во игра за титулата е и Лацио кој се доближи на три бода од Јувентус и пет од Интер.