(ВИДЕО) Рико роденденот го прослави со одлично времe, а во гаражата го дочека изненадување од тимот

За македонскот автомобилист Ристо Вуков Рико вчера беше посебен ден. Рико својот 25. роденден го прослави „работно“, со тренинг-тест возење на стазата во Мисано – „Марко Симончели“.

Вуков како што е познато, викендов го очекува втората трка од сезоната во Порше Карера ГТ3 Купот на Италија со тимот на ГДЛ Рејсин.За Вуков нема простор за одмор и опуштање, па максимално посветено се подготвува за новиот предизвик што следи викендов.

По деби трките во Муџело каде што на два наврти заврши во Топ 10, како 9-ти и 10-ти, желбите и воедно очкувањата на Вуков се да има уште подобар пласман.

Рико вчера по мошне топло време и темепратурa од 35 степни, во период од 14 до 17 часот извозе три тренинг сесии. Ова за него беше прво искуство на стазата „Марко Симончели“ во Мисано при што постави мошне добро време. Имаше 10-то најдобро време во конкуренција на 24 автомобили во првата тренинг сесија, додека во втората беше уште подобар и заврши на 5-то место.

Македонскиот автомобилист постави време од 1:37.386 со заостаток од 1.6 секунди зад првопласираниот Јакинта.

Вуков во боксот на својата екипа го прослави својот роденден, а имаше и изненадување од екипата на ГДЛ Рејсинг која му подготви торта, па Рико дуваше свеќички.

Денес на програмата се слободните тренинзи, кои ќе се возат во ноќни услови, под рефлектори и започнуваат од 21:30 до 22:30 часот.

По слободниот тренинг вчера, Рико го прослави својот 25ти роденден во боксот заедно со својот тим

Gepostet von Risto Vukov Riko am Freitag, 31. Juli 2020

Според официјалнио распоред, во сабота се закажени квалификациите кои ќе бидат од 11:30 часот до 12:00 часот (ПК1), како и (ПК2) од 12:05 до 12:15 часот.

Првата трка, во сабота ќе биде ноќна под рефлектори и ќе се вози од 22:00 часот, додека втората е на програмата во недела со почето од 12: 50 часот. Двете трки ќе бидат пренесувани во живо на МРТ3.

Редакцијата на „Спортклуб“ дозволува превземање на овој текст.