(ВИДЕО) Ретко видено од Аргентинецот: Меси и сопругата во жешка акција

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси со својата сопруга Антонела беа главни ѕвезди во спот на раперот од Порторико, Ресиденте.

Овој познат светски пар глумеше во спотот за песната со наслов “Antes Que el Mundo Se Acabe” или во превод „Пред да се случи крај на светот“.

Како што се наведува идејата е да се покаже како треба паровите да се однесуваат во време на изолација додека не дојде крај на светот.

Кадровите во спотот одат од пар до пар во неколку градови ширум светот и се прикажани како страсно се бакнуваат, а меѓу нив како што кажавме се Меси и Антонеле.