ВИДЕО: Реакцијата на Диего Симеоне кога Гризман влезе во игра зборува многу

На дербито пред два дена меѓу Барселона – Атлетико Мадрид, при влегувањето на Гризман во игра во 90 минута, Диего Симеоне имаше интересна реакција која камерата ја улови.

Самиот Чоло беше изненаден со тоа што Кике Сетиен не го стави Гризман во првиот состав против Атлетико Мадрид, но уште поизненаден беше кога виде дека влегува во игра во самиот финиш.

Чоло имаше своевидна реакција, а тоа камерите го уловија во позадина, неговото лице алудираше на тоа дека Гризман веројатно неправедно го третираат во таборот на Барселона.