(ВИДЕО) Протече снимка од нападот: Мекгрегор бесен го уништи телефонот на фанот

УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор пред неколку дена беше уапсен во Мајами, а сето тоа поради напад на свој фан.

Имено навивач по име Ахмед Абдирзак сакаше да го снима Конор на кој што ова не му се допадна и почна да се гужваат со Абдирзак и кога тој го направи, го подигна телефонот и потоа го трескаше на земја.

Абдирзак ја повика полицијата, која го уапси Конор Мек Грегор во неговата куќа на плажа во Мајами. ТМЗ денес објави кратко видео кое покажува дека Мек Грегор го скршил телефонот на Ахмед.