(ВИДЕО) Проектил на Чалханоглу и пенал на Лаутаро за нова победа на Интер

Италијанскиот првак ја потврди одличната форма и дојде до четвртата победа во последните пет натпревари, по триумфот на гостувањето кај Бенеција со 2-0.

Без многу возбудувања, Интер ги искористи своите шанси и го совлада аутсајдерот. Резултатот го отвори Хакан Чалханоглу во 34. минута со проектил од над 20 метри. Точка стави Лаутаро Мартинес во шестата минута од судиското продолжение со удар од белата точка откако судијата се консултираше со ВАР.

По оваа победа, Интер се доближи на само еден бод од водечкиот тандем, но Наполи и Милан утре ги играат своите натпревари.