(ВИДЕО) Продолжува мизеријата на Интер – Арсенал ја покажа својата моќ

Арсенал релативно лесно успеа да ја анулира негативата од првиот меч во Франција, па вечерва во реванш мечот од 1/8 финалето во Европа лига славеше против Рен со 3-0.

„Тобџиите“  уште по 15 минути од воведнот на мечот ја анулираа негативата и поведоа со 2-0. Во 5. минута резултатот го отвори Обамејанг, а десет минути подоцна на 2-0 зголеми Маитланд-Нилс. Во вториот дел, Обамејанг со вториот гол вечерва стави печат на победата од 3-0.

Интер ја продолжи кататрофалната низа, па вечерва е елиминиран од Европа лига откако Ајнтахрт Франкфурт славеше минимално со 0-1 благодарени на голот на Јовиќ во 5. минута.

Пласман во следната фаза обезбеди и Виљарерал откако по вторпат и вечерва славеше над Зенит со 2-1. Морено и Бака стрелаа за домаќините, додека Ивановиќ во судиското продолжение го ублажи поразот.

На два мече, патникот во 1/4 финалето ќе биде одлучен по продолженија. Дополнително време се игра на мечот Бенфика – Динамо Загреб и Слабија Прага – Севиља.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Резултатите денеска во Серија А не ветуваат ништо добро за Џенова и Горан Пандев

Во Челси веќе решиле кому ќе припадне 10-та на Азар?

Зидан го потврди она што се зборува на големо за Бејл во Мадрид

Бејл дури и од клупа денеска, успеа да ги налути навивачите на Реал Мадрид

Титулата на Сити во Купот го спаси Јунајтед од големи претумбации ова лето

ВИДЕО: Реал Мадрид со нов пораз ја заврши кошмарната сезона

Избрани најдобрите играчи за сезоната 2018/19 во Серија А

Милан се пазари со УЕФА: Ако не влезат во ЛШ да не играат ЛЕ и да се смета како казна

Крај на една ера: Компани си замина од Сити по 11 години