(ВИДЕО) Продолжение на сапуницата во Јувентус: Откако урлаше, Роналдо продолжи со плачење

Амазон неодамна објави документарен филм за Јувентус и сега имаме можност да видиме некои сцени од соблекувалната на „бјанконерите“.

Некои од нив се од натпреварот против Порто во Лигата на шампионите минатата сезона кога Јувентус беше елиминиран уште во осминафиналето. Во главна улога е Кристијано Роналдо кој беше можеби најголем виновник за испаѓањето на торинскиот тим.

По првата снимка во која урла на соиграчите затоа што не играле добро, а и тој се става самиот во истиот кош, сега излезе видео во кое Роналдо доаѓа во соблекувалната по натпреварот и плаче поради елиминацијата.