(ВИДЕО) Прекрасната бордерка Марија: Неопходна е поголема поддршка за големи дострели

Младата 18-годишна Марија Кузмановска важи за една од најталентираните бордерки во нашата држава. Ова девојче има големи амбиции и сериозно планира да зачекори во овој зимски спорт. За оваа цел веќе е во подготовки и во процес на пронаоѓање тренер и клуб со кој би имала основни предуслови за добри резултатит.

View this post on Instagram

Bansko 2019

A post shared by 🔘🌸M A R I J A K U Z M A🌸 (@__lit_and_fit__) on

„На мои 11 години ми се роди огромна желба да научам да бордам. Многу брзо ја совладав техниката со што веќе следната година (12 ) за прв пат се натпреварував и освоив златен медал. Тогаш добив голема мотивација и надеже за поголеми успеси во иднина, па продолжив секоја година да се натпреварувам.“, раскажува Марија за „Спортклуб“, а во продолжени вели:

„Кога имав 14 годишна возрас освен тоа што на натпревар бев најбрза бордерка во женска конкуренција, го освоив и второто место во машка конкуренција каде што бев најмлада натпреварувачка. Веќе на 17 години за првпат се натпреварував и на ФИС натпревар во Маврово каде што освоив две бронзи во дисциплината паралел слалом“.

Плановите на Кузмановска за овој спорт се сериозни, но притоа нагласи дека за поголем исчекор и е потребно поддршка.

„Токму по ова натпреварување ми се роди голема желба да започна професионално да се натпреварувам со овој спорт и да започнам да тренирам , па подоцна и да се натпреварувам надвор од Македонија. Моите амбиции се големи, но потребна ми е поддршка. Неопходен ми е тренер и клуб, како и спонзори со што би можела да дојдат и поголеми резултати. Влез во националниот тим на Македонија и пласман на едни Зимски Олимпики Игри“.