(ВИДЕО) Пред осум години ненадејно отиде во Кина. Сега си заминува со 200 милиони евра

Бразилскиот фудбалер, Оскар (33) по осум години го напушта Шангај. Офанзивниот играч за врска се прости од навивачите кои го скандираа неговото име по ремито со Гвангжу (1:1).

За кинескиот клуб тој одигра 248 натпревари, постигна 77 гола и имаше 141 асистенција. Освои пет трофеи, и како капитен си заминува од Шангај.

Оскар кариерата ја почна во Сао Паоло, а потоа мина во Интернасионал. Најдобар период во кариерата му беше од 2012 до 2017 година, кога постигна 38 и асистираше за 33 гола на 203 натпревари во Челси, двапати освојувајќи ја Премиер лигата, и по еднаш Лига Европа (ЛЕ) и Лига купот на Англија.

Со оглед на тоа што играше во лондонски клуб и беше репрезентативец на Бразил, неговиот трансфер на 26-годишна возраст во клубот од Шангај во 2017 година беше изненадување, бидејќи играчите најчесто на крајот од кариерата заминуваа во Кина.

Кинезите го ангажираа за 60 милиони евра, а „Дејли мејл“ пишува дека за осум години тој заработил околу 200 милиони евра. Не е познато дали ќе ја заврши кариерата, ќе дојде во Европа или пак ќе се врати во Бразил.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО