ВИДЕО – Потегот на кој се уште сите се сеќаваат: Ај те молам за мене одиграј еден поен!

Додека сите тениски љубители се во исчекување да почне да се игра, АТП не потсети на една интересна случка од 1997 година, каде во главната улога е Горан Иванишевиќ.

Легендата на хрватскиот тенисер играше финале во Квинс, против Австралиецот Марко Филипусис, а со оглед на тоа дека се работеше за двајца одлични серверни, на тој натпревар немаше многу измени.

Фрустрираниот Иванишевиќ во еден момент одлучи да ја анимира публиката и отиде до девојчето кое собира топки, да ја замоли да го превземе неговиот рекет и да одигра поен.

Со оглед на тоа дека 14 годишното девојче беше збунето, прво се колебаше, а потоа самиот тенисер ја молеше да одигра поен, на што публиката реагираше со аплауз и овации.

Противникот на Иванишевиќ тоа го прифати со воодушевување, па дури со топчето играше и со глава неколкупати, а публиката со овации го проследи цел тој момент.