(ВИДЕО) Почна сезоната во Премиер лигата, со победа на Арсенал

Екипата на Арсенал како гостин го победи Кристал Палас со 2-0 во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата.

Иако и домашната екипа имаше свои шанси и можеше да избегне пораз, сепак триумфот на „топчиите“ е апсолутно заслужен. Првиот гол во сезоната беше дело на Габриел Мартинели во 20. минута, а конечниот резултат во финишот го постави Гуехи кој ја спроведе топката во сопствената мрежа по обидот за центаршут на Букајо Сака.

Останатите натпревари од првото коло се играа утре и задутре, а најинтересно би требало да биде на Аптон парк каде што Вест Хем го пречекува Манчестер Сити.