ВИДЕО: По инцидентот меѓу Фетел и Верстапен – нај-моментот го има еден механичар!

Највпечатлив момент на вчерашното ГП во Британија, на трката во Силверстоун, победник беше Луис Хамилтон, додека второпласиран заврши Ботас, на третата позиција Леклер од Ферари.

Тоа беше една од најатрактивните трки оваа сезона и веројатно последните 5 сезони, а највпечатлив беше моментот кога Фетел по невнимание го разнесе Верстапен, кој претходно на претходната шикана го помина.

Но Фетел по трката му се извини на Верстапен, додека нај-моментот од инцидентот меѓу нив двајца го има механичарот на Ред Бул, кој во три секунди прво се израдува, после даде материјал за камерата која одеше во директен пренос.