(ВИДЕО) По 18 години решена е мистеријата: Голот на Роналдињо е со намера или случаен

Можеби најважниот гол во својата кариера Роналдињо го постигна во четвртфиналето од Светското првенство во 2002 година, што се одржа во Јапонија и Јужна Кореја.

При резултат 1-1, тогашниот играч на ПСЖ го изненади Дејвид Симан и го совлада од слободен удар од над 40 метри. Многумина сметаа дека случајно го постигнал голот, а конечно неговиот соиграч Ривалдо ја откри вистината.

“Тој гол го изненади Симан, мене и цел свет, никогаш не би помислил дека некој би направил такво нешто. По натпреварот Роналдињо ми рече дека знаел за навиката на Симан да направи неколку чекори напред при изведувањето на слободните удари и тој се обидел да го изненади. За него немаше невозможни задачи“, откри Ривалдо.

Речиси четири месеци подоцна Симан прими гол од Артим Шаќири од корнер и тоа дефинитивно ја запечати неговата репрезентативна кариера.