(ВИДЕО) Перу два пати постигна гол, но ВАР системот ја спаси Венецуела

Венецуела и Перу го одиграа вториот натпревар од годинешното издание на Копа Америка, а резултатот на крајот гласеше 0:0.

Иако според резултатот тоа не е очекувано, натпреварот сепак беше интересен. Перу дојде до гол веќе во 7. минута кога Кристофер Гонзалез погоди за 1:0, но главниот судија по интервенција на ВАР системот одлучи да го поништи погодокот.

По ова Венецуела заигра нешто подобро и доминираше на теренот, но Перу имаше повторно добра шанса во 44. минута кога Кристијан Куева шутираше по средината од голот, но голманот го одбрани неговиот удар.

Во продолжението Венецуела повторно тргна подобро, но Перу повторно во 64. минута постигна гол, но и тој по ВАР асистенцијата беше поништен поради офсајд.

Венецуела во 75. минута остана со десет играчи откако Луис Маго доби црвен картон, а само две минути подоцна Едисон Флорес имаше одлична шанса да го доведе Перу во водство, но голманот на Венецуела Фаринез со феноменалната реакција ја сочува својата мрежа.

Перу до крајот се обиде да дојде до гол, но резултатот до крајот не се менуваше.