(ВИДЕО) Пеп бесен како никогаш досега: Шпанецот до судиите – ЕБЕ*Е се!

Манчестер Сити вечерва е поразен од Ливерпул со 3-1, а по мечот очекувана беше реакцијата на тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.

Шпанецот бурно реагираше откако во финишот на мечот неговиот тим по вторпат на мечот не доби пенал. Во 83. минута Александер-Трент играше со рака, но судијата остана без реакција.

Ова беше уште една причина Пеп да се „запали“ и се втурна кон судијата со сочни пцовки и навреди што можеше да се забележи и на преносот.