ВИДЕО: Пенал мајсторијата на Поповиќ од Металург во топ изборот на ЕХФ

Ракометарите на Металург синоќа беа поразени на гостувањето во Тулуз кај истоимената екипа со 33:29, во рамките на 1 коло од Лига Европа натпреварувањето.

Како утеха за тимот од Автокоманда, црногорскиот ракометар Поповиќ го има еден од најатрактивните погодоци во првото коло.

Тој беше максимално ефикасен, од 10 обиди, девет пати ја погоди мрежата на противникот а еден од головите се најде во изборот на најдобри голови според ЕХФ.