(ВИДЕО) Падна и Аталанта, Интер маршира кон титулата

Екипата на Интер оствари уште една важна победа на патот кон шампионскиот трофеј во Серија А.

На Сан Сиро падна една од најнезгодните екипи во италијанското првенство Аталанта. Интер славеше со 1-0, благодарение на голот на Шкринијар во второто полувреме, но мора да се истакне дека имаше огромна доза на среќа.

Без разлика на тоа, „нераѕурите“ ја задржаа предноста од шест бода во однос на Милан и десет пред Јувентус, на 12 кола пред крајот на сезоната. Ова беше седма победа во низа што е уште еден доказ за фантастичната форма во која се наоѓа составот на Антонио Конте.