(ВИДЕО) Падна договор: Европскиот вицешампион се враќа во СЕХА

Најдобрите екипи во Европа идната сезона ќе се борат за титулата во регионалната СЕХА лига откако Веспрем по пауза од неколку години одлучи да се врати во ова друштво.

Унгарскиот шампион три сезони беше член на СЕХА лигата, во тој период освои две титули, но во 2017 беше совладан од Вардар во финалето. Интенцијата беше да се насочи на домашното првенство и Лигата на шампионите, но откако не успеа да ја освои европската титула, одлучи да се врати во старото јато.

„Долго време преговаравме и сега официјално можам да кажам дека Веспрем ќе игра во СЕХА лигата претстојната сезона. Навистината сум среќен што двата финалиста од Лигата на шампионите ќе биде наши членови“, изјави менаџерот на СЕХА, Синиша Остоиќ.

Договорот меѓу двете страни е на една сезона, со можност да биде продолжен по нејзиното завршување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селекторот Брестовац направи три измени за дуелот против Грција

(ВИДЕО) Сестрите се ХИТ: Промовирана во целост песната посветена за Вардар

(ФОТО) Момир Илиќ во Вардар !?

Писонеро: Во Вардар доаѓам со јасна цел!

Вардар и во новата сезона ќе биде дел од ЛШ – место бараат уште две наши екипи

Столе успешно опериран – Брестовац ќе го нема на располагање против Грција

Објавено како до карти за Македонија – Грција: Мора да бидете брзи

Се случува и тоа во спортот – Грција вечерва и направи огромна услуга на Македонија

(ФОТО) По Борозан, денес уште двајца екс вардарци позираа за новите клубови