(ВИДЕО) Па вака не се дава гол ни на видео игра: Цепелин низ целиот терен

Голманот на Бесанкон ја фрли топката од својот шестерец преку целиот терен, а неговиот соиграч успеа да ја фати во воздух, свртувајќи се наназад и направи чудесен цепелин од речиси невозможен агол.

Француската ракометна лига во последните години се претвори во најдобра лига во светот покрај германската Бундес лига. Јасно, тоа значи дека има што да се види во француските сали, но не само првата, туку и втората лига.

На натпреварот помеѓу Стразбур и Бесансон, гостите постигнаа гол за ТВ шпици, гол кој, така да се каже, тешко може да се постигне и на видео игра.

Сè беше направено за три секунди.